Полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје, вчера (13.06.2023), во соработка со Национални шуми и Шумска полиција на повеќе локации на подрачје на Полициска станица Драчево, во селата Батинци, Маркова Сушица, Осичани, Брезица и Јаболци, реализираа превентивна активност за спречување на бесправна сеча на шуми.
При активноста граѓаните беа информирани за законските норми по однос на бесправното сечење на шуми, штетите и последиците, особено во поглед на појавата на шумски пожари, пред се во летниот период.
На граѓаните им беа поделени едукативни печатени материјали со информативни содржини со кои им се укажува на потребата и важноста од зачувување и негување на шумскиот фонд.