05 октомври 2016

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Франција Кристиан Тимоние

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција Н.Е. Кристиан Тимоние.

Министерот Спасовски му посака на амбасадорот Тимоние успешна работа во текот на неговиот мандат и изрази благодарност за досегашната помош и поддршка за нашата држава и конкретно за Министерството за внатрешни работи.

Амбасадорот Тимоние го поздрави начинот на кој МВР и другите институции се справија со проблемот со мигрантите. Тој изрази надеж и дека во Македонија ќе се одржат фер и кредибилни избори и МВР ќе го даде својот комплетен придонес за тоа да се случи.

Министерот Спасовски рече дека МВР во целост ќе ги заврши своите обврски за претстојните избори и нема да биде дозволена било каква злоупотреба ниту на човечки ниту на технички ресурси.