Отсекот за превенција при СВР Велес, вчера (12.06.2023) одржа превентивно едукативни работилници, како дел од превентивниот проект ,,Безбедни училишта додека учениците се на настава“, во основните училишта ,,Тоде Хаџи Тефов“ во Кавадарци и ,,Страшо Пинџур“ во с.Возарци, кавадаречко.
На темите ,,сајбер булинг“, ,,врсничко насилство“ и „насилство во училиштата“, учениците од двете основни училишта преку наменски подготвена видео презентации беа запознаени со последиците и штетите што можат да настанат од ваквото негативно поведение, како и начините како да се превенираат. Особено внимание се посвети на сајбер булингот, како еден од видовите на насилничко однесување и социо-девијантна појава која е честа кај младите.