Вчера (12.06.2023), полициски службеници од Полициска станица Кочани и Полициско Одделение за сообраќај, во соработка со Инспектор за сообраќај од општина Кочани спроведоа превентивна активност од областа на сообраќајот во основното училиште „Никола Карев“ во Кочани. Во рамки на едукативното предавањето под мотото „Учествувај одговорно во сообраќај“, учениците од прво и второ одделение, беа запознаени со основните сообраќајни правила и прописи, за важноста од нивно почитување, за тоа како да се однесуваат како пешаци, но и кога возат тротинет или велосипед.
На децата исто така им беа појаснети значењето и важноста на хоризонталната и светлосната сигнализација, како и за задачите и обврските на еден униформиран полициски службеник – сообраќаец.