Вчера (11.06.) полициски службеници од ПО Ранковце во село Герман спроведоа превентивна активност во рамките на кампањата „Заштита на шумите“, а во пресрет на претстојната летна сезона. Во непосреден разговор со жителите од оваа село им беше укажано дека секое незаконско сечење на дрва е кривично дело кое има законски последици, па во таа смисла строгото почитување на законите претставува граѓанска обврска.
Исто така, на граѓаните им беше посочена потребата од внимателност, но и потребата за благовремена соработка и комуникација со надлежните служби, вклучително и полицијата во интерес на превенцијата од бесправното сечење на шумите. Целта на проектот беше да се информираат локалните жители за овој вид на криминалитет и да се подигне свеста на граѓаните.
На жителите им беа поделени и едукативни печатени материјали со информативни содржини изработени во соработка со „Национални шуми“ и Шумска полиција.