07 јуни 2023

„Стави појас“, превентивна активност на СВР Охрид и РСБСП


Денеска (07.06.2023) полициски службеници од СВР Охрид во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на ул.„Туристичка“ во Охрид реализираа превентивна активност под мотото „Стави појас“.
Притоа, полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за носење на сигурносен појас при патување, не само по однос на возачите, туку и за сопатниците, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законска одредба.
Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за генерално подобрување безбедноста во сообраќајот.