Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети СВР Скопје за одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочува овој сектор. Еден од најголемите проблеми во овој сектор е недостатокот од потребен кадар.
„Оваа средба е во склоп на посетите кои ќе бидат направени во сите сектори за внатрешни работи. На денешната средба бев информиран околу проблемите со кои се соочува СВР Скопје, но и покрај овие проблеми безбедноста е добра во градот Скопје и сите капацитети на СВР Скопје се во функција да се обезбеди сигурноста на граѓаните- рече министерот Спасовски.