06 јуни 2023

Превентивна активност на СВР Велес


Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Велес денеска (06.06.) на неколку локации на подрачјето на Велес, спроведе превентивна активност во рамките на кампањата на министерството насловена како – „Безбедна заедница-мирна заедница“, со посебен акцент на превенцијата од кражби и од измами.
Во текот на низата средби и разговори со граѓаните, особено оние од повозрасните категории, полициски службеници укажуваа и појаснуваа за формите на имотни деликти, за законскиот третман на различните форми на имотен криминал и секако околу начините и постапките кои треба да ги превземат со цел да се заштитат од сторителите на вакви кривични дела, односно кои мерки да ги практикуваат и на што треба посебно да внимаваат при купување и при движење на јавни места. Покрај ова, на граѓаните им беа делеа печатени материјали со практични совети и содржини од областа на имотните деликти.