06 јуни 2023

Превентивна активност на СВР Битола


Полициската станица од општа надлежност Битола при СВР Битола, денеска (06.06.) спроведе превентивно-едукативна акција на тема „Безбедноста на граѓаните - наша обврска“. Активностите се реализираа преку повеќе средби со вработени во продавници, бутици, занаетчиски работилници, златарници, обложувалници и други објекти од услужно-трговската дејност во градското подрачје и во Старата битолска чаршија. Притоа во комуникацијата со вработените во објектите, но и со граѓаните, полициските службеници укажуваа преку практични и едукативни искуства за тоа како да се воспостави поквалитетна заштита од криминалните дејствија од областа на имотните деликти –кражби, дрски кражби и слично. Низ средбите и разговорите на граѓаните посебно им беше потенцирана неопходноста од соработка и навремена комуникација со полицијата, пред сѐ преку точно и брзо пријавување на бесплатните телефонски броеви 112 и 192, а на вработените во разните услужно-трговски објекти им беа делени и летоци со едукативни содржина за заштита и превенција од имотни деликти.