05 јуни 2023

„Вози одговорно - стави појас“, превентивна активност на ОВР Крушево и РСБСП


Денеска (05.06.) полициски службеници од ОВР Крушево во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Крушево реализираа превентивна активност под мотото – „Вози одговорно - стави појас“.
Превентивната активност беше реализирана на неколку патни правци во и околу Крушево, при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за носење на сигурносен појас при патување, не само по однос на возачите туку и за сопатниците, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законска одредба.
Исто така, полициските службеници ја потенцираа, низ практични искуства, и значајната заштитна улога што ја има сигурносниот појас при случена евентуална сообраќајна несреќа. Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за генерално подобрување безбедноста во сообраќајот.