31 мај 2023

Превентивни активности на ОВР Ресен


Денеска (31.05) полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи Ресен во основното училиште “Мите Богоевски“ во Ресен со учениците од осмите одделенија одржаа едукативна работилница на која главна тема беше користењето на социјалните мрежи, како и околу темата за штетни последици од употреба на наркотични дроги. Преку видео презентација учениците беа запознати со основните информации за заштита од сајбер измами, сајбер булинг, а исто така и за последиците и штетноста од користењето наркотични дроги, при што дополнително им беа поделени и печатени едукативни материјали со исцрпни информации за овие појави и начини за благовремено детектирање и превенирање од истите.
Инаку ОВР Ресен и вчера, а во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во Ресен реализираше превентивна активност под мотото “Вози одговорно - стави појас“.
Активноста беше реализирана на неколку патни правци во и околу Ресен , при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за носење на сигурносен појас при патување, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законска одредба. Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за подобрување на личната, и на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.