29 мај 2023

Едукативни работилници на СВР Скопје


Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, a како дел од годишната програма на Одделението, денеска (29.05.) беа реализирани две превентивно-едукативни работилници.
Притоа во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ беа одржани едукативни работилници со учениците од второ, како и со учениците од четврто одделение во основното општинско училиште “Кирил Пејчиновиќ“ на подрачје на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода. На работилниците учениците имаа можност да се запознаат со основните сообраќајни правила и прописи, за неопходноста од нивно почитување а во интерес на безбедноста на децата-пешаци како учесници во сообраќајот. Потоа, стана збор и за сообраќајните правила и прописи при управување со велосипед, за важноста на сообраќајната култура и совесното и примерно однесување во сообраќајот.
Исто така, заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Ѓорче Петров, реализирана беше едукативна работилница во основното општинско училиште “Димитар Поп Ѓеоргиев Беровски“ а на тема – “Меѓуврсничко насилство – булинг“. Преку видео презентација учениците од деветто одделение беа запознати со начините на препознавање на меѓуврсничко насилство и негово благовремено превенирање