26 мај 2023

Приведен крадец од Битола баран со потерница за затворска казна од две години

 

Денеска 26.05.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција од СВР Битола на улица „Стерјо Ѓоргиев“ во Битола, по потерница од Основен суд Битола, приведен е З.Д.(35) од Битола, кој бил баран со потерница за издржување казна затвор за сторени кривични дела кражби и тешки кражби во времетраење од две години, по што е спроведен во казнено поправна установа -Затвор Прилеп за издржување на казната.