Во периодот од 22 до 26 мај 2023 година, во соработка со претставници од компанијата IDnow, директорот Ловро Персен и експертот за заштита на документи Даниела Џидровска, како и во соработка со претставници од Генералниот секетаријат на ИНТЕРПОЛ, секондираниот полициски службеник, координатор за управување со бази на податоци Дамјан Галевски и офицерот во Генералниот секретаријат Џорџ Спир, во Министерството за внатрешни работи беше спроведена обука за испитување на документи.
Обуката беше спроведена со цел обезбедување на релевантни решенија за безбедност на документи, како и градење на капацитети за форензичките експерти во Лабораторијата за испитување на спорни документи при МВР и полициските службеници за гранична контрола од РЦ Север - Меѓународниот аеродром во Скопје и ГП Блаце, преку практични вежби за автоматска верификација на документи со помош на продуктите на IDnow, како и презентација на FIELDS, електронски систем за автентификација на документи, преку пристап до визуелни информации за клучните аспекти за детекција на сомнителни документи и брза проценка на нивната оригиналност, кој е развиен во соработка помеѓу ИНТЕРПОЛ и ФРОНТЕКС.
НЦБ ИНТЕРПОЛ Скопје во континуитет ги координира активностите за реализација на вакви обуки, како и активно вклучување на експерти од Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија во работни групи за имплементација на алатки за детекција на фалсификувани документи.