29 септември 2016

Спасовски: Смените во МВР се согласно законот и договорот на четирите партии

 

Врз основа на политичкиот договор потпишан од четирите најголеми политички партии, а согласно измените на Законот за Влада, министерот Оливер Спасовски денеска изврши промена на дел од раководните позиции во МВР.

-Го искористив моето право за промена на дел од раководните позиции. Тоа го направив за МВР до изборите да функционира нормално и да се обезбедат услови за фер и демократски избори- рече министерот Спасовски на денешната прес конференција.