Вести

25 мај 2023

Приведено лице од Битола, одземени пушка и дијаболи

На 24.05.2023 во 18.30 часот во Битола на ул.„Димитар Илиевски Мурато" од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола бил лишен од слобода И .Г.(29) од Битола.
Тој, управувајќи патничко возило „пасат“ со битолски регистарски ознаки, кај место викано „Грозд“, преку отворен прозорец со воздушна пушка испукал во кучиња скитници.

Од него биле одземени воздушна пушка „гамо“ калибар 4,5 мм. и пакување со дијаболи. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по Законот за оружје.