Утре, (25.05.2023), во 12:00 часот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со дел од раководството на Министерството за внатрешни работи ќе оствари работна посета на Одделот за воздухопловни единици во Седиштето на Хеликоптерската единица за полициски намени во Идризово. Притоа, министерот Спасовски ќе оствари работен состанок со раководството на Одделот за воздухопловни единици, по што следи разгледување на воздухопловите со опрема поставени на платото пред хеликоптерските хангари. Изјава за медиумите од страна на министерот Спасовски е предвидена во 12:45 часот.
Ги покануваме заинтересираните медиуми да го проследат настанот. Воедно, ве потсетуваме да бидете присутни на локацијата најдоцна до 11:45 за можност за инсерти.