Вести

24 мај 2023

149 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

Денеска (24.05.2023) во периодот од 11.00 до17.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 149 возачи . Од вкупно 149 возачи , 92 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 57 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.