Во рамките на континуираните превентивни активности на Отсекот за превенција при СВР Велес, денеска (22.05.) заедно со полициски службеници од Полициското станица за безбедност на патниот сообракај Велес, во градинката “Димче Мирчев“ во Велес беше реализирана едукативна работилница на тема сообраќај, сообраќаен полицаец и сообраќајна безбедност, наменета за деца од предучилишна возраст.
Полициските службеници низ интерактивен пристап ги запознаа децата за улогата и работата на сообраќајниот полицаец, како и за основните правила и прописи важни за безбедноста на децата во сообраќајот како пешаци. Во разговори со децата, низ практични примери, тие имаа можност да се запознаат со начинот на кој функционираат семафорите, зошто се важни тие, што значи пешачката “зебра“, како да се движи пешакот по тротоар и слично. Исто така на децата, од страна полициските службеници им беа поделени пригодни едукативни материјали – боенки- од областа на сообраќајот.