20 мај 2023

Превентивни активности на СВР Скопје и РСБСП

 Денеска (20.05.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, организираше и спроведе едукативно превентивна активност на подрачјето на Полициското одделение Caрaj, односно на наплатна рампа Глумово, а во рамки на кампања што се реализира под мотото – „Не заборавај - стави појас“. При спроведувањето на планираната едукативно превентивна активност во неспоредна комуникација со граѓаните, на возачите и патниците им беше укажувано за задолжителноста од почитување на безбедносните одредби од Закоот за сообраќај, конкретно во поглед на задолжителното користење на сигурносните појаси при возење. Исто така, на возачите им беше делен едукативен печатен материјал со информативни содржини во делот на користењето на сигурносните појаси. Инаку, покрај ова и вчера (19.05.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП, организираше и спроведе едукативно превентивна активност од областа на сообраќајот, на подрачјето на Општина Центар, поточно на бул. „Свети Климент Охридски“. Притоа, во рамките на кампањата „Безбедност на велосипедисти и мотоциклисти во сообраќајот 2023 - Носи кацига“, на велосипедистите и мотоциклистите им беше укажавано на потребата од целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, со посебен акцент на задолжително користење на заштитна кацига додека се управува велосипед или мотоцикл. И овој пат беа делени информативни печатени летоци изработени со поддршка од РСБСП.