19 мај 2023

ОВР Прилеп - средби со угостители за обезбедување на безбедна средина за матурските прослави, ОВР Ресен со работилници за основците

Вчера (18.05.2023) полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола реализираа превентивна активност на подрачјето на Прилеп со која беа опфатени угостителски работници и сопственици на угостителски локали во Прилеп, а во насока на интензивирање на меѓусебната соработка со цел навремено информирање за можни нарушувања на јавниот ред и мир, како и други облици на насилно, криминогено и деструктивно однесување, а со цел обезбедување на безбедна средина за матурските прослави. На угостителите во угостителските објекти им беше посочено да го почитуваат работното време, како и другите закони кои се однесуваат на нивното работење.

Исто така, вчера на подрачјето на ОВР Ресен, односно со ученици од осмо и девето одделение во основното училиште „Мите Богоевски“ во Ресен како и во основното училиште „Славејко Арсов“ во село Подмочани полициски службеници од ОВР Ресен спроведоа превентивна активност на тема „Ризици од користење на социјалните мрежи“ како и „Штетни последици од злоупотреба на наркотични дроги“. На работилницата на учениците им беше презентиран видео материјал со едукативна содржина.