Денеска (18.05.2023) полициски службеници при ОВР Свети Николе во соработка со Локалниот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата при општина Свети Николе реализираа превентивна активност под мотото „Вози одговорно - стави појас“.
Превентивната активност беше реализирана на неколку патни правци во и околу Свети Николе, при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за носење на сигурносен појас при патување, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законска одредба.
Исто така, полициските службеници ја потенцираа, низ практични искуства, и значајната заштитна улога што ја има сигурносниот појас при случена евентуална сообраќајна незгода.
Од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за подобрување на личната, но и безбедноста на сите учесници во сообраќајот.