16 мај 2023

Превентивна активност за важноста од техничка исправност на возилото меѓу жителите на Македонски Брод

Денеска (16.05) од страна на Полициското одделение за безбедност на сообраќајот при ОВР Македонски Брод беше спроведена превентивна активност на тема „Техничката исправност на возилата - фактор за поголема безбедност во сообраќајот“.

На повеќе локации во околината на Македонски Брод полициските службеници им укажуваа возачите на моторни возила за важноста, особено од безбедносен аспект, на исправноста на возилото, за потребата тие редовно да се сервисираат и одржуваат. Исто така, на возачите им беше укажано доследно да ги почитуваат правилата за брзината со која управуваат возило, како и за важноста од користење на појас при управување на возилото.

Воедно, во рамки на акцијата, на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина, изработени во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со цел подигање на нивото на сообраќајната култура, односно за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, а во интерес на личната и општата безбедност во сообраќајот.