Вести

16 мај 2023

Учество на заменик министерот Буши на состанокот на високи претставници за борба против трговија со оружје во Југоисточна Европа, кој се одржа во Брисел, Белгија

Денеска во Брисел, Белгија, заменик министерот г. Назим Буши, присуствуваше на Состанокот на Министрите за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ и партнерите од Западен Балкан за борба против трговија со оружје во Југоисточна Европа, каде се разговараше за Акцискиот план на ЕУ за трговија со огнено оружје 2020-2025, вклучително и Патоказот за сеопфатна контрола на мало и лесно оружје во Западен Балкан до 2024 година и конкретни дејствија за идна соработка.

Во рамки на состанокот, заменик министерот Буши оствари и работна средба со Високиот претставник на ЕУ и Потпретседател на Европската Комисија, Жозеф Борел и ЕУ Комесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон.

Заменик министерот Буши на денешниот состанок информираше дека Северна Македонија активно работи на спроведување на активностите согласно целите утврдени во Патоказот и Акцискиот план на ЕУ за трговијата со огнено оружје 2020-2025, нагласувајќи дека борбата против недозволената трговија со оружје е издигната на ниво на стратешки приоритет на МВР и постигнати се значајни резултати кои се рефлектираат со зголемен број на откриени кривични дела и сторители.