Денеска (14.05.2023) од страна на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ, на станичните подрачја на Полициската станица за граичен премин и граничен надзор Стар Дојран и Полициската станица за граничен надзор Старавина реализирана е превентивна активност, во соработка со граѓаните, односно локалната заедница и Здружението на граѓани „Македонско еколошко друштво“.
За време на активноста беа опфатени, главно, две теми кои го засегаат локалното население, и тоа: Стоп на труење на диви животни и Превенција од пожари. Притоа на граѓаните им беа поделени летоци со едукативна содржина, а со одредени целни групи се одржаа и работни состаноци, со цел намалување на штетите по населението и животната средина.