Денеска (13.05.2023) во Пробиштип од страна на Отсекот за превенција и полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Пробиштип беa спроведени две превентивни кампањи.
Притоа, првата се спроведе под мотото „Стави појас, биди безбеден”, а втората „Паркирај совесно, паркирај одговорно”, при што на учесниците во сообраќајот им беа поделени летоци со едукативна содржина со цел подигање на свеста за сообраќајната култура, односно за целосно почитување на сообраќајните правила и прописи, а сѐ со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.