Во рамки на континуираните активности полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола , вчера и денеска (11.05 и 12.05.) во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе превентивни активности на подрачјето на Битола во рамките на кампањата „Стави појас“ и "Не користи мобилен кога возиш". На возачите им беше делен едукативен материјал со пораки за внимателност во име на индивидуалната и општа безбедност на сите учесници во сообраќајот, а и во непосредната комуникација им беше потенцирана потребата од користењето на сигурносните појаси во возилата.
Исто така денеска во Битола со ученици од средното училиште "Таки Даскалот" од Битола и сообраќајната единица од истото училиште во Битола во централното градско подрачје и на крстосниците во Битола на учениците од средното училиште им беше презентирано регулирањето на сообраќајот.
Во Прилеп, вчера(11.05) полициски службеници од ОВР Прилеп,во рамките на денот на сообраќајната култура, во соработка со станица за технички преглед спроведоа превентивна активност за подигнување и унапредување на сообраќајната култура за побезбеден сообраќај и помал број на случени сообраќајни незгоди.На возачите им беше поделен и едукативен материјал.