Денеска (12.05.) полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Струмица реализираа едукативно-превентивна работилница со ученици од прва и трета година од Средното општинско училиште “Јане Сандански“ во Струмица.
Во рамки на работилницата посветена на темата “Превенција и заштита од врсничко насилство“ полициските службеници на учениците им презентираа низа практични информации за појавата и облиците на насилството меѓу младите, како и за последиците што овие појави можат да ги произведат. Во непосредната комуникација, односно разговор со учениците особено беа разгледани можностите и начините како навремено да се препознаат формите на насилство, пред се врсничкото насилство, а последниот дел од работилницата беше посветен на начините за превенција, односно неопходноста од соработка и комуникација со надлежните во училиштата, со родителите и секако со полицијата заради навремено делување во спречување и заштита на учениците од врсничкото насилство.