Продолжувајќи со континуираните превентивни активности, денеска (11.05.) Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка и координација со полициски службеници од Полициското одделение Петровец, а на темата “Улога на полицијата во демократското општество“ организираше и спроведе едукативна работилница со ученици од основното училиште “Кочо Рацин“ од Петровец во просториите на ПО Петровец.
На работилницата беше разговарано за улогата и функцијата на полицијата во спроведувањето на законите, особено во доменот на заштитата на детските права, и во тој смисол беше нагласена и важноста од соработката меѓу училиштата и полицијата како клучен фактор во механизмите на превенција и обезбедување на сигурност за учениците.
Покрај ова, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка и координација со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска на подрачјето на општина Центар, поточно на улиците “Македонија“ и “Даме Груев“ реализираше едукативна превентивна активност согласно кампања “Паркирај совесно, паркирај одговорно“. Притоа, во рамките на планираната превентивна активност на возачите, покрај укажувањата за почитување на сообраќајните правила и прописи, им беше делен едукативен печатен материјал изработен во соработка со РСБСП, со поуки и информации во делот на правилното паркирање, санкциите, опасостите и последиците од непочитување на сообраќајните прописи.