Денеска (10.05.) Одделението за превенција при СВР Скопје во просториите на средното училиште “Јосип Броз Тито“ организираше едукативна трибина со матурантите, односно учениците од четврта година од средните училишта – “Јосип Броз Тито“, “Раде Јовчевски Корчагин“, “Др. Панче Караџозов“ и “Васил Антески Дрен“, а по повод претстојните матурски прослави. Целта на трибината беше да се укаже на одговорноста, мерките и последиците кои можат да настанат од непочитување на законски прописи, со посебен акцент да не се управуваат моторни возила доколку консумираат алкохол.
Исто така, денеска Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка и координација со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода реализираа две превентивно едукативни работилници на тема – “Говор на омраза“, со ученици од прва и втора година од средното училиште “Васил Антевски Дрен“.