На тема „Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“, денеска (9 мај) во Гостивар беше одржана работилница, што заеднички ја организираа Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Секторот за внатрешни работи Тетово-Отсек за превенција.
На работилницата на која присуствуваа претставнички од повеќе невладини и други организации и институции од подрачјето, универзитетски професорки и претставници на ОБСЕ беше разговарано за соработка на полицијата со заедницата и значење и улогата на жената во раното препознавање на криминалот.
Во вториот дел, поделени во неколку работни групи, учесничките на работилницата интерактивно дебатираа и презентираа - што го загрозува чувството на безбедност, како се загрозува безбедноста во семејството, која е улогата на жените во полициската соработка со локалната заедница и друго.