06 мај 2023

Превентивни активности на СВР Скопје


Вчера (05.05.) Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициското одделение Петровец и од Полициската станица од општа надлежност Гази Баба реализираа превентивно едукативни работилници во основните училишта “Братство и единство“ (село Коњари), како и “Стив Наумов“ и “Глигор Прличев“ (на подрачјето на ПСОН Гази Баба).
Притоа, во рамки на работилницата во ОУ “Братство и единство“ посветена на темата – “Врсничко насилство“ учениците преку видео презентација беа запознати со повеќе аспекти од темата од појаснување на самиот поим на насилство до видови на насилство, а посебно внимание се посвети на начините за превенирање на овие појави.
На работилниците пак во училиштата “Стив Наумов“ и “Глигор Прличев“ посветени на темата – “Говор на омраза“ беа споделени голем број на информации за манифестациите на говорот од омраза со акцент и порака дека не смее, пред се преку превентивно делување, да се дозволи оваа појава да биде повод за насилство помеѓу младите.
Покрај ова, вчера, Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка и координација со полициски службеници од ПСОН Кисела Вода и ПО Петровец, со училишните Клубови за превенција од основните училишта “Круме Кепески“ (Кисела Вода) и “Братство и единство“ (село Коњари) организираа посети на учениците на овие две организациони единици во рамки на СВР Скопје. При посетите учениците беа запознаени со улогата и функцијата на полицијата во спроведувањето на законите, потоа во поглед на заштитата на детските права, а во тој смисол беше нагласена и важноста од соработката меѓу училиштата и полицијата како клучен фактор во механизмите на превенција и обезбедување на сигурност за граѓаните, вклучително и на децата. Истовремено вчера Полициската станица Кисела Вода беше посетена и од децата од предучилишна возраст од ЈУДГ “Виножито“.
Во текот на вчерашниот ден Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со РСБСП организираше и спроведе едукативно превентивна активност на подрачјето на општина Бит Пазар, односно на булеварот “Крсте Петков Мисирков“, кај пешачкиот надвозник во Бит Пазар. Притоа, на пешаци учесници во сообраќајот им беа делени печатени едукативни материјали изработени со поддршка од РСБСП со информативни пораки за важноста од почитување на сообраќајните правила и прописи и зголемувањето на нивото на сообраќајна култура и безбедност.