СВР Битола денеска (05.05.) во Битола, во рамки на одбележувањето на 7-ми Мај -Денот на полицијата, реализираше отворен ден за граѓаните, на кој присуствуваа претставници на институции, здруженија, учениците од ОУ “Даме Груев“ и од сообраќајната училишна единица “Таки Даскалот“, како и децата од градинките “Пролет“, “Снегулка“и “Мали генијалци“ при што во просториите на СВР Битола имаа можност да се запознаат со улогата и задачите на полицијата. Полициските службеници на посетителите им ја презентираа опремата и ги запознаваа со секојдневното полициско работење и извршување на разните активности. Истовремено, вакви активности насочени кон заложбата за постојана соработка и комуникација на полицијата со заедницата, беа реализирани и во останатите пет Одделенија за внатрешни работи во рамки на СВР Битола – Прилеп, Ресен, Крушево, Македонски Брод и Демир Хисар.