Вчера (03.05.2023) полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Кичево при Одделението за внатрешни работи Кичево во средните училишта “Дрита“ и “Мирко Милески“ одржаа едукативни предавања за учениците од четврта година-матуранти, а на тема „Среќни и безбедни матурски вечери “.
Едукативните предавања беа најмногу фокусирани на областа од сообраќајот, но и на заштитата на јавниот ред и мир, а матурантите беа запознаени со сообраќајните правила и прописите, пред сѐ од аспект на законските ограничувања за возачи - почетници, потоа за потребата од нивно почитување примарно за време и по одржувањето на матурските прослави.
Главната цел беше да се влијае врз подигање на степенот на сообраќајната култура кај младите како учесници во сообраќајот, како и да се влијае врз градењето на примерно поведение особено во период на траење на прославите, а сѐ со цел поголема безбедност, како на учениците, така и на останатите учесници во сообраќајот и доследно почитување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.