Полициски службеници од ПС за БПС Битола и од Отсекот за превенција при СВР Битола, заедно со претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера (27.04.) во Средното училиште “Јосип Броз Тито“ во Битола одржаа едукативни предавања за матурантите, односно за учениците од четврта година, на темата – “На матурска вечер без автомобил“
На предавањето се говореше за сообраќајната култура која подразбира не само почитување на сообраќајните правила и прописи, туку и совесно и одговорно однесување во сообраќајот, како основен фактор за безбедност во сообраќајот.
Исто така, во текот на предавањето посебно внимание се посвети на однесувањето во сообраќајот на учениците - матуранти како возачи-почетници во сообраќајот. Во периодот кога почнуваат матурските прослави, на учениците им беше укажано дека е пожелно на овие прослави да не се оди со автомобил, затоа што доколку консумираат алкохол, а потоа седнат зад воланот, ќе ја загрозат и својата безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.
Исто така во текот на вчерашниот ден полициски службеници од ОВР Прилеп во основните училишта “Кире Гаврилоски“ и “Климент Охридски“ во Прилеп одржаа едукативни предавања со учениците од поголемите одделенија на тема - превенција од зависности: алкохол, дрога, цигари. За време на предавањето на учениците им беше презентиран видео материјал и им беа поделени летоци со едукативна содржина.