27 април 2023

Превентивна активност на ОВР Берово за побезбеден сообраќај

Денеска (27.04.) полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Берово заедно со ученици од девето одделение од основното општинско училиште “Дедо Иљо Малешевски“ од Берово, кај градскиот пазар во Берово реализираа превентивна активност од областа на сообраќајот и сообраќајната безбедност. Целта на настанот беше да се влијае на подигање на свеста како на пешаците, така и на возачите како учесници во сообраќајот, а во насока на почитување на сообраќајните правила и прописи и запазување на безбедносните стандарди во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници и учениците на граѓаните им делеа и печатен едукативен материјал изработен со поддршка од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, а со информативни содржини за безбедно движење и минување на улиците.