Полициски службеници од СВР Битола (ПС за БПС и превенција) заедно со претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата денеска (26.04.2023) во Средното општинско училиште „Таки Даскалот“ во Битола одржаа едукативни предавања за матурантите, односно за учениците од четврта година, на темата „На матурска вечер без автомобил"
На предавањето се говореше за сообраќајната култура која подразбира не само почитување на сообраќајните правила и прописи, туку и совесно и одговорно однесување во сообраќајот, како основен фактор за безбедност во сообраќајот.
Исто така, во текот на предавањето посебно внимание се посвети на однесувањето во сообраќајот на учениците - матурантни како возачи-почетници во сообраќајот. Во периодот кога почнуваат матурските прослави, на учениците им беше укажано на овие прослави да не одат со сопствен автомобил, затоа што доколку консумираат алкохол, а потоа седнат зад воланот, ќе ја загрозат и својата безбедност, но и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.