Во рамки на континуираните превентивни активности, денеска (26.04.), Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка и координација со полициски службеници од ПО Мирковци, во основните училишта “Кирил и Методиј“ (во село Кучевиште) и “Александар Урдаревски“ (во село Сандево) реализираа две едукативни работилници, на тема “Улога на полицијата во демократското општество“. На работилниците беше говорено за улогата и функцијата на полицијата во спроведувањето на законите, потоа за корпусот на детските права и нивната заштита, при што особено беше нагласена и важноста од соработката меѓу училиштата и полицијата како клучен фактор во механизмите на превенција и обезбедување на сигурност за граѓаните, вклучително и за децата.
Исто така, денеска во ЈУГД “Мило мое“ во селото Сандево, Одделението за превенција при СВР Скопје во координација со полициски службеници од ПО Мирковци спроведе едукативно превентивна активност со деца од предучилишна возраст на тема “Да ги заштитиме децата во сообраќајот“. При тоа на децата им беше објаснета улогата на полицискиот службеник- сообраќаец, а во контекст на основните сообраќајни правила и прописи важни за децата како пешаци. Воедно им беше презентирана опремата и возилата кои полициските службеници ги користат при извршувањето на секојдневните задачи.
Напоредно со ова, и во Основното училиште “Кочо Рацин“ полициски службеници од Одделението за превенција заедно со полициски службеници од ПСОН Центар денеска реализираа едукативно превентивна активност на тема “Запознавање со професијата полицаец“.