Денеска (24.04.2023) полициски службеници при Одделението за внатрешни работи Ресен во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата реализираа превентивна активност од кампањата - “Вози одговорно - стави појас“. Превентивната активност беше реализирана на неколку патни правци во и околу Ресен, при што полициските службеници преку непосреден контакт со учесниците во сообраќајот укажуваа на обврската за користење на појас при патување, а беше укажано и за казнените одредби кои следуваат за непочитување на оваа законски пропишана норма.
Исто така, од страна на полициските службеници беше поделен и едукативен печатен материјал, изработен во соработка со РСБСП, а сѐ со цел зголемување на свеста кај учесниците во сообраќајот, како и за подобрување на својата лична, но и на безбедноста на другите учесници во сообраќајот.