Одделението за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Аеродром, денеска (24.04.2023) во Основното училиште “Љубен Лапе“ реализираа едукативно-превентивна работилница посветена на темите – трговија со луѓе и улогата на полицијата во демократско општество.
Притоа, преку видео-презентација основците, членови на училишниот Клуб за превенција од “Љубен Лапе“ беа запознати со суштинските информации што ги појаснуваат двете теми, нивната важност за учениците, можностите и формите за превенција, пред се во поглед на трговијата со луѓе, односно трговијата со деца. Исто така, беше разговарано за улогата и функцијата на полицијата во спроведувањето на законите и во поглед на заштитата на детските права, а во тој контекст беше нагласена и важноста од соработката меѓу училиштата и полицијата како клучен во механизмите на превенција и обезбедување сигурност за граѓаните, вклучително и за децата.