21 април 2023

Превентивна активност на СВР Охрид

 Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во координација со јавното претпријатие Национални шуми денеска (21.04.2023) остварија средби со месното население во с. Ботун, с. Мешеишта, с. Волино, с. Требеништа и с.Песочан, на кои се разговараше како граѓаните да се заштитат од пожарите. На граѓаните им беше укажано да не се палат стрништата, да не се фрлаат отпушоци, особено кога се движат во шума, а беа споделени и низа други совети кои можат да помогнат да се превенира ваквата појава.Доколку пак се забележи пожар, веднаш да се известат надлежните со цел што поскоро да се изгасне пожарот.