Денеска (20.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид, во соработка со Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во средните општински училишта “Климент Охридски“ во Охрид и “Нико Нестор“ во Струга одржаа едукативни предавања со ученици од четврта година-матуранти тематски посветени на претстојните матурски, односно нивно безбедно одвивање.
Притоа, за време на едукативно предавање фокусирано примарно на областа на сообраќајната безбедност учениците беа запознаени со правилата и прописите, како почетници-возачи на патнички моторни возила, односно со неопходноста од нивното почитување со посебен акцент на периодот за време на прославувањето на матурските вечери, како и околу подигањето на степенот на сообраќајна култура како учесници во сообраќајот. А се во интерес на нивната безбедност во сообраќајот, но и за безбедноста на другите учесници во сообраќајот. Исто така, во текот на предавањата на учениците им беше укажано и на потребата од доследно почитување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир .