Отсекот за превенција при СВР Скопје заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Центар денеска (20.04.) реализираа превентивно едукативни работилници со учениците во основните училишта “Кирил и Методиј“ и “Кочо Рацин“, на подрачјето на ПСОН Центар.
Притоа, дискутирајќи на темата - “Улогата на полицијата во демократско општество“, а проследено со дополнителна видео презентација, учениците беа запознаени со основните аспекти за улогата на полицијата во демократското општество, пред се во локалните средини, и тоа не само во контекст како еден од главните фактор во заштитата и сигурноста на граѓаните, туку и како важен чинител во сите кампањски и превентивни активности фокусирани на едукација, информирање, превенција на сите возрасни групи граѓани од различни области на спроведувањето на законите. Целта на едукацијата беше да се апострофира неопходноста од отворен и партнерски однос и комуникација меѓу граѓаните и полицијата, а во интерес на индивидуалната и колективна сигурност и безбедност.