Во текот на вчерашниот ден (18.04.) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во охридските средни училишта “Св.Кирил и Методиј“ и “Наум Охридски“ одржаа едукативни предавања со учениците од четврта година, односно матурантите, на тема “Среќни и безбедни матурски вечери“.
За време на едукативно предавање од областа на сообраќајот учениците беа запознаени со правилата и прописите, особено од аспект на почетници возачи, со посебен акцент на потребата од задолжително почитување на прописите пред се за време на матурските прославувања. Исто така, во текот на едукативно-превентивните предавања стана збор и за сообраќајната култура и одговорното и совесно поведение на средношколците како учесници во сообраќајот а се со цел нивна безбедност во сообраќајот. Покрај ова учениците беа запознаени и со доследното почитување на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир .