15 април 2023

МВР за граѓаните" со активности во Велес

Денеска (15.04.2023) во Велес Отсекот за превенција на СВР Велес реализираше активности од кампањата на МВР и Македонскиот полициски синдикат под мотото ,,МВР за граѓаните - заедница, доверба, одговорност". Притоа, на граѓаните од страна на полицијата им беа поделени летоци со едукативна содржина, а исто така им беше презентирано и објаснето полицискoто работење, градењето на партнерство кое се базира на доверба меѓу полицијата и граѓаните, а беа презентирани и опремата и средствата кои ги користи полицијата во своето секојдневно работење.