Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп заедно со претставници на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата вчера (13.04.2023) во Гимназијата „Мирче Ацев“ и во Економското училиште „Кузман Јосифовски Питу“ во Прилеп одржаа едукативни предавања за матурантите, односно за учениците од четврта година, на темата „Сообраќајна култура кај младите“.
На предавањето се говореше за значењето на сообраќајната култура која подразбира не само почитување на сообраќајните правила и прописи, туку и совесно и одговорно однесување во сообраќајот, како основен фактор во поединечната и општа безбедност во сообраќајот.
Исто така, во текот на предавањето посебно внимание се посвети на фактот дека учениците - матурантни како потенцијални идни возачи-почетници во сообраќајот, ќе треба точно да се запознаат со сообраќајните правила и прописи, сериозно пристапувајќи кон материјата на сообраќајните норми што, исто така, е првенствено во интерес на нивната лична безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.