Во рамките на континуираните превентивни активности на Одделението за превенција при СВР Скопје, а како дел од годишната програма на одделението денеска (13.04.) беа реализирани три едукативни работилници.
Притоа согласно проектот “Безбедност во училиштата“ во соработка со полициски службеници од ПСОН Карпош во основните општински училишта “Братство“ и “Димо Хаџи Димов“ беа реализирани две едукативни работилници со учениците од училишните Клубови за превенција на тема – “Улогата на полицијата во демократско општество“ со особен акцент на потребата за потесна соработка со полицијата во локалната средина како важен сегмент во обезбедување сигурност на граѓаните. Исто така беше нагласена неопходноста за комуникација и соработка и во училишните средини, а во интерес на сигурноста и безбедноста на учениците.
Покрај ова, денеска од страна на Одделението за превенција одржана е едукативна работилница со претставници на Здружението на пензионери Солидарност „Аеродром“ огранок Ново Лисиче, на подрачје на ПСОН Аеродром на тема – “Превенција од имотни деликти“.
Претставниците и членовите на здружението преку презентација беа запознати со низа важни информации околу најчестите имотни деликти, потоа за улогата на полицијата и потребата од тесна соработка и комуникација меѓу локалната заедница и полицијата, а се во насока на подобра заштита односно превенирање, препознавање на ризиците и превенирање од овие облици на криминал. На учесниците на работилницата им беа поделени и едукативни печатени материјали со информации од областа на имотните деликти.