13 април 2023

Едукативна работилница на ОВР Свети Николе

Полициски службеници при Одделението за внатрешни работи Свети Николе денеска (13.04) одржаа едукативна работилница за учениците од гимназијата “Кочо Рацин“ во Свети Николе на тема – “Превенција од насилство на спортските натпревари“.

Од страна на полициските службеници средношколците беа информирани во врска со одредбите од Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортските натпревари, како закон што ги санкционира насилните инциденти мотивирани од неспортското однесување на натпревари или манифестации од спортски карактер .Исто така, преку низа практични примери од полициската пракса, полициските службеници укажуваa на причините за појава на овој тип на насилство, за законските и други последици, а во вториот дел од предавањето внимание се посвети за начините за превенција на ваквите социо-девијантни појави. Притоа беше посочено, дека толерантноста, совесноста и етичкиот стандард на фер плеј се суштински за спречување на појавувањето на недостојно однесување на спортски натпревари.