Во периодот од 3 до 6 април 2023 година, во организација на Амбасадата на Француската Република во Скопје, помошник на министерот на Центарот за обука и началникот на одделение за дизајнирање на наставни програми остварија студиска посета на Националното вишо полициско училиште во Лион.
Делегацијата на Центарот за обука беше примена од директорката на училиштето, а целта на студиската посета на една од најдобрите образовни институции за високи полициски старешини во Француската Република беше да се споделат и разменат искуства и позитивни примери за обуки на полицијата.
Во текот на тридневната посета претставниците на Центарот за обука се запознаа со начините на регрутација на кадри и начините на избор на обучувачи, видови на обуки, програми за обуки како и начини и методи за нивно спроведување.
Заклучоците од студиската посета се насочени кон продолжување и интензивирање на соработката помеѓу двете институции, со цел размена на искуства, практики, споделување на програми за обуки потребни за основно и континуирано обучување.