Вчера (08.04.) Одделението за превенција при СВР Скопје организираше едукативно превентивна активност од областа на сообраќајот, на подрачјето на Општина Центар, односно во ЈУ Детски дом “11ти Октомври“ во ОЕ “Водно“, на тема “Булинг - меѓуврсничко насилство“ и “Сајбер булинг - насилство преку социјални мрежи“. Најголем дел од работилниците беше искористен за разговор околу начините за препознавање, заштита и превенција од овие негативни појави и улогата на полицијата во превенцијата.
Покрај ова, Одделението за превенција при СВР Скопје и полициски службеници од ПО Петровец, исто така вчера организираа едукативно превентивна активност на подрачјето на Општина Петровец, односно на патарина Петровец, а во рамки на превентивната кампања “Стави појас“, која што се реализира во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Притоа покрај непосредната комуникација и укажувања на возачите полициските службеници делеа и печатени едукативни материјали околу важноста на почитување на безбедносните сообраќајни норми за употребата на сигурносните појаси при возење.